Thursday, March 20, 2014


Што е тоа аудиофилија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, е пасиониран љубител на аудиотехниката, особено во областа на самоградба на засилувачи. Токму затоа, во летото 2011 година го посетивме претседателот Иванов во неговата резиденција и поразговаравме на тема аудиотехниката како хоби. Ова интересно интервју и репортажа го објавивме во ЕМИТЕР 9/2011, каде што читателите можеа поблиску да се запознаат со оваа помалку позната страна на нашиот претседател Иванов. Интервјуто го завршивме со неговата најава дека подготвува амбициозен проект – засилувач со огромните руски триоди GM70. Две години подоцна, повторно сме во посета кај претседателот Иванов за да ги видиме и чуеме неговите најнови самоградителски креации.